Македонски   English   Shqip  


 
Соопштение

 

СООПШТЕНИЕ

За даватели на здравствени услуги

 

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, ги информира давателите на здравствени услуги кои имаат активен договор со Фондот за 2019 година  дека здравствените установи од дејноста  за општа медицина, општа стоматологија, гинекологија,  приватни специјалисти, приватни специјалисти стоматолози, лаборатории, ортопедски и други  помагала, ќе пристапат кон склучување на договор со Фондот од 01.01.2020 година до 31.12.2026 година. Договорот ќе биде изготвен и истиот ќе се потпишува електронски со дигитален сертификат од двете договорни страни.

 

За таа цел, здравствените установи треба да ги превземат следните чекори:

 

- Барањата за склучување на договорите за општа медицина, општа стоматологија,  приватни специјалисти, приватни специјалисти стоматолози, лаборатории и ортопедски помагала, треба  да се поднесуваат електронски преку веб порталот на Фондот верификувани со квалификуван дигитален сертификат на управителот на здравствената установа (директор).

 

Здравствените установи кои немаат  важечки дигитален сертификат, истиот треба да го обноват веднаш.

 

Рокот за поднесување на барање за склучување на договорите со сите здравствени установи започнува да тече од 13.12.2019 заклучно до 23.12.2019 година.

 

Потребни предуслови  за непречено одвивање на процесот на поднесување на барање за склучување на договор:

 

- Овластените  лица  од ЗУ да имаат креирано профил за најава на порталот на  ФЗОРСМ

- Овластените  лица од ЗУ да имаат обезбедено квалификувани сертификати од една од  двете овластени сертификациски куќи во РСМ

- Овластените  лица да имаат направено асоцијација на важечки квалификуваниот  дигитален сертификат

 

Доколку овластеното лице на здравствената установа не поднесе барање за склучување на  договор со Фондот на 01.01.2020 година, ќе ги изгуби привилегиите кои истиот ги има во системот како избран лекар/ лекар специјалист. Во таков случај на профилот на лекарот ќе бидат достапни само  функционалностите  предвидени како и за сите  останати осигурени лица на Фондот.

 

Фондот апелира до сите чинители во здравствениот систем, крајно сериозно и одговорно да пристапат кон процесот на склучување на договорите користејќи  ги поволностите  кои Фондот ги овозможи во име на добрата деловна соработка и  се разбира во интерес на континуирана и квалитетна здравствена заштита за осигурените лица.

 

Активностите кои е потребно да се преземат за да се спроведе процесот на потпишување на договорите  детално е опишан во  документацијата односно во  Прилог 1, кој е составен дел од ова Известување.

 

Воедно укажуваме дека, подготовката на правилниците ќе започне во текот на  2020 година, по конечното имплементирање на сите процеси кои се предвидени со реформите во примарната здравствена заштита. Новите правилници и измените на истите ќе се носат по пат на дијалог и консензус  со Лекарската комора, ЗПЛРМ и Здружение на лекари албанци. До завршување на овој процес ќе важат постоечките правилници. 

 

 

Прилог 1: Техничко упатство

 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба) или на емаил адресата info@fzo.org.mk

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови

Медиумски поврзани содржини