Македонски   English   Shqip  


 
Управен одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија

Со Фондот управува Управен одбор.

Управниот одбор се состои од 7 члена кои ги именува Владата на Република Македонија за време од четири години и тоа:

еден претставник предложен од Министерството за здравство,
еден претставник предложен од Министерството за финансии,
еден претставник предложен од Сојузот на синдикатите на Македонија,
еден претставник предложен од Стопанската комора,
еден претставник предложен од Лекарската комора на Македонија и Стоматолошката комора на Македонија,
еден претставник предложен од Здружението на пензионерите и,
еден претставник на осигурениците предложен од Здружението на потрошувачите.

Управниот одбор има претседател и заменик на претседателот од именуваните претставници од Министерството за здравство и Министерството за финансии кои наизменично по една година се менуваат во текот на мандатот.

За членови на Управниот одбор се предлагаат лица кои имаат високо образование и работно искуство од финансиското работење или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување, при што да се води сметка за соодветната и правичната застапеност на граѓаните на сите заедници.

Состав на Управениот одбор

Седници на Управниот одбор

 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба).

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови