Македонски   English   Shqip  


 
Услуги во превентивна здравствена заштита

Итна медицинска помош

 Итната медицинска помош претставува организирана служба во рамките на Здравствените домови.

Го опфаќа делот за:

Пружање на дијагностички терапевтски стапки кои се неопходни за отсттранување на непосредна опасност за животот на осигуреното лице.

- Домашно лекување - специјализирана организациона единица за домашно лекување во рамки на Здравтесвените домови, односно  избраниот лекар или  тимот на избранот лекар

- Во случај кога не е неопходно болничко лекување на неподвижни или слабо подвижни болни, хронична болест во фаза на влошување или компликации, по сложени оперативни зафати кои бараат превивање и нега на раната, продолжување на болничкото лекување по предлог на бочничката здравствена установа и кај болни во терминална фаза на болеста.  Потребата за олничко лекување ја одреува лекар специјалист од соодветната специјалност

Поливалентна патронажа

„Патронажна дејност„ е дејност на активен здравствен и социјален третман на поединец или семејство во домот или во рамките на локалната заедница.


“Поливалентна патронажна служба” е интегрален дел на системот на јавното здравство, организациона единица во рамките на јавна здравствена установа, која спроведува поливалентна патронажна дејност со услуги од превентивно-куративен карактер и го опфаќа целото семејство преку посети на патронажна сестра во домот и соработка со здравствени и други установи на своето подрачје. 

Превоз со санитетско возило

Превозот со санитетско возило е организирано од страна на  здравтесвените домови

Се користи и кога не се работи за итен случај, кога болниот односно повредениот поради неподвижност или ограничена оодвижност неможе да користи превоз со јавен сообраќај. Потребата за превоз со санитетско возило ја утврдува избраниот лекар односно надллежниот лекар од соодветната болничка здравствена установа.

Превентивна здравствена заштита

Превентивната задравствена заштита се одвива во рамки на здравствените домови  тоа за:

- Задолжителна имунизација согласно ппрограмата за задолжителна имунизација за населението во Р.М.

- Систематски прегледи на ученици и студенти сосгласно програмата за систематски прегледи на ученици студенти во Р.:М

- Превентивна стоматолошка заштита за деца до 14 година

-Систематски прегледи на доенчиња и мали деца ( согласно Програмата за активна заштита на мајките и децата во РМ )

 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба).

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови