Македонски   English   Shqip  


 
Користење на здравствени услуги во странство

Користење на здравствени услуги во странство во случај на стручно усовршување, школување, службено или приватно патување (туристички, посета) и слично, со земји со кои има договор за социјално осигурување 


Правото на користење на здравствени услуги во странство во случај на стручно усовршување, школување, службено или приватно патување (туристички, посета) се остварува на основа на двојазичен образец, потврда, што ја издава подрачната служба на ФЗОМ, каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување.
 
Постапката како и потребните документи за издавање на двојазичниот образец, потврдата, е наведено во делот кај остварување на права на осигурени лица под  VII. ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ВО СТРАНСТВО
 точка В-1).
 
Двојазични обрасци, потврди, за остварување на право на здравствени услуги по земји:

 

Држава

Обрасци, потврди

Австрија

МК/А 3

Албанија

РМ/АЛ 111

Белгија

РМ/БЕ111

Босна и Херцеговина

РМ/БиХ 3

Бугарија

РМ/РБ 111

Германија

Д/РМ 111

Италија

Ит-7

Луксембург

РМ/Л 111

Словенија

РМ/СИ 3

Србија

РМ/СРБ 111

Словачка

РМ/СК 111

Турција

РМ/ТР 4

Франција

SE-21-04  и/или

          SE-21-04 А

Холандија

РМ/НЛ 111

Хрватска

РМ/ХР 3

Црна Гора

РМ/МНЕ 111

Чешка

РМ/ЦЗ 111

 
 
 
[*] Осигурените лица на основа на обрасците, потврдите, се изедначуваат со осигурените лица на земјата во која престојуваат, односно ги имаат истите права и обврски во случај потреба од здравствени услуги.
 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба).

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови