Македонски   English   Shqip  


 
Технички упатства-Аптеки

(12.12.2013)
Најнови измени на техничко упатство

Поради измена на содржина на рецептните обрасци (за осигурениците на ФЗОМ и странските осигуреници) Ве известуваме за следново. Бидејќи на новите рецептни обрасци ги нема повеќе полињата за основ на осигурување и регистерски број на нивно место во фајлот ќе внесете нули 00- за основ на осигурување и 000000 за регистерски број во согласност со содржината на електронскиот фајл. Податок за новододаденото поле алергии ќе се доставува во новиот фајл, во стариот фајл ова поле не се доставува. Полето алергии не е задолжително, па затоа за сите стари хронични рецепти кои имаат важност од 6 месеци и на кои го нема ова поле, овој податок ќе го оставите празен. 

Најнови измени на техничко упатство кое треба да се применува од 01.01.2014 година. Препорака до софтверските фирми е фајлот за декември да го подготват и во новиот формат со цел навреме да се истестира новата структура. Фајлот за декември 2013 година со новата структура, како тестен фајл ќе се доставува исто така во подрачните служби на Фондот.

Техничко упатство За начинот на фактурирање на здравствени услуги со кои се врши обезбедување на осигурените лица со лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ во примарна здравствена заштита и начинот на генерирање на електронски фајлови за доставување на реализирани рецепти со опис на слогот на податоци од рецептниот образец на електронски медиум (се применува за рецептите од 01.01.2013 година)

Техничко упатство за начинот на фактурирање на здравствени услуги со кои се врши обезбедување на осигурените лица со лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ во примарна здравствена заштита и начинот на генерирање на електронски фајлови за доставување на реализирани рецепти со опис на слогот на податоци од рецептниот образец на електронски медиум. (се применува за рецептите од 01.06.2012 година)

Дополнување на упатство за новиот рецептен образец за пропишување на лекови од листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ...повеќе

Техничко упатство за начинот на фактурирање на здравствени услуги со кои се врши обезбедување на осигурените лица со лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ во примарна здравствена заштита и начинот на генерирање на електронски фајлови за доставување на реализирани рецепти со опис на слогот на податоци од рецептниот образец на електронски медиум

Техничко упатство
(01 Ноември 2011) за начинот на фактурирање на здравствени услуги со кои се врши обезбедување на осигурените лица со лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ во примарна здравствена заштита и начинот на генерирање на електронски фајлови за доставување на реализирани рецепти со опис на слогот на податоци од рецептниот образец на електронски медиум

Напомена:
Техничкото упатство треба да се применува од 01.11.2011 година и согласно дадениот дополнителен  рок од 30 дена за преработка на софтверските решенија, краен рок за примена на новото упатство е 01 Декември 2011 година. Ова значи дека од 01.01.2012 година електронските фајлови за реализираните рецепти треба да бидат во согласност со новото техничко упатство.
ФЗОМ ќе ги прифаќа двата формата на електронски фајл за реализирани рецепти за месец ноември 2011 година.

За сите рецепти кои се пропишани на стариот рецептен образец, а се реализираат после 01.12.2011 година во електронскиот фајл новите полиња треба да се пополнат со нули согласно нивната големина и формат.
Најчесто поставувани прашања за техничкото упатство

Техничко упатство за аптеки за фактурирање по референтни цени
Упатство за користење на системот за електронски формулари за аптеки
Упатство за препишување на рецепти од страна на матичните лекари

Промените во софтверските решенија ќе се применуваат од 01.07.2011 година
Техничко упатство за начинот на фактурирање на здравствени услуги со кои се врши обезбедување на осигурените лица со лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ во примарна здравствена заштита и начинот на генерирање на електронски фајлови за доставување на реализирани рецепти со опис на слогот на податоци од рецептниот образец на електронски медиум (Мај 2011)
Најчесто поставувани прашања за техничкото упатство

 
Техничко Упатство за доставување на податоци од аптеки (последна промена 28.05.2010)

 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба) или на емаил адресата info@fzo.org.mk

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови

Медиумски поврзани содржини