Македонски   English   Shqip  


 

МИСИЈА

ФЗОМ обезбедува права и здравствени услуги од основниот пакет на услуги на осигурениците врз начелата на сеопфатност, солидарност и еднаквост.


ВИЗИЈА

ФЗОМ да стане препознатлив како купувач на здравствени услуги кој обезбедува квалитетна, навремена, отчетна и ефикасна администрација на правата на осигурениците и здравствени услуги за кои склучува договори со здравствени установи.

За реализирање на својата основна цел ФЗОМ првенствено се фокусира на задоволството на осигурениците, а тоа го постигнува со следните цели:

    • ефикасна администрација за остварување на правата на осигурениците преку систем на прецизно утврдени постапки и упатства за работа во сите сегменти на деловните процеси; 
    • континуирана едукација и обука на вработените, проследена со мерење на резултатите од работењето и оценување на вработените; 
    • високо ниво на професионален однос со здравствените установи и со осигурениците; 
    • континуирана едукација на осигурениците за нивните права од здравствено осигурување и навремено информирање на јавноста за сите новини и важни измени во доменот на работењето на ФЗОМ преку редовно ажурирање на веб страната и медиумите; 
    • добар систем на внатрешна контрола и ревизија; 
    • идентификување и управување со ризиците; 
    • обезбедување на сите здравствени услуги и права од здравствено осигурување од основниот пакет во согласност со расположливите средства, во и вон земјата; 
    • финансирање на правата и здравствените услуги кои ги обезбедува Фондот во согласност со буџетот; 
    • стимулација на рационална употреба на лекови и квалитетно лекување на осигурениците со определените ресурси; 
    • осовременување и централизација на ИТ системот на ФЗОМ; 
    • електронско поврзување со здравствените установи за размена на податоци за извршените здравствени услуги; 
    • воведување на електронско остварување на правата на осигурениците; 
    • спроведување на меѓународни договори од областа на здравството; 
    • учество во утврдување и реализација на национални програми за здравствена заштита; 
    • постојано подобрување на воспоставениот Систем за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ИСО 9001:2008.

 

Политиката за квалитет е достапна на јавноста и преставува обврска за сите вработени.

Април, 2013

Верзија во .pdf

 
пребарување


Видео презентација за Е-услуги на ФЗОМ

Корисни информации за сервисот

Најчесто поставувани прашања  за сервисот
„Мое осигурување мој доктор“ ...
преземи

СЕ РАБОТИ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА!

Информирајте се за Вашите права на бесплатниот телефонски број 080033222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 и на мобилен 076/ 339-180 од 12.00 до 20.00 часот(мобилна дежурна служба) или на емаил адресата info@fzo.org.mk

ИН-ВИТРО ПОСТАПКА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Корисни линкови