Средба со Самостоен синдикат за здравство и Самостоен синдикат на Клинички центар

Средба на раководството на ФЗОРСМ со претседателите на Самостоен синдикат за здравство и Самостоен синдикат на Клинички центар

Главна тема на разговор  на средбата одржана на ден 23.07.2024 година  меѓу генералните директори на ФЗОРСМ Сашо Клековски и Бранко Аџигогов   со Љубиша Каранфиловски  претседател на Самостоен синдикат за здравство фармација и социјална заштита и д-р. Предраг Серафимовски претседател на Самостоен синдикат на Клинички центар, заедно со нивните заменици, беше состојбата и подобрување на условите за работа за здравствените работници во јавните здравствени установи.
 Во фокусот на разговорот беше и Колективниот договор, како и платите во јавното здравство.