Новости и соопштенија до јавноста и медиумите

Новости и соопштенија за даватели на услуги

Фондот донесе нов Правилник за биомедицинско потпомогнато оплодување

Ја известуваме јавноста дека Фондот донесе нов Правилник за критериумите за склучување договори и начин на плаќање и постапка за остварување на правото и на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита (Сл.Весник на РСМ бр.5/2024 година), со кој се уредени правата и обрските на здравствените установи и Фондот, како и правата на осигурените лица за остварување на постапка за БПО на товар на средствата на Фондот ..

Известување за поднесување барање за склучување договори за 2024 година со јавни здравствени установи и анекс на договор со ...

Фондот за здравствено оосигурување на Република Северна Македонија ве известува дека почнува со постапката за склучување на договори/анекси на договори со Јавни здравствени установи за 2024 година и истото ќе се одвива по електронски пат, преку користење на веб порталот на фондот, со тоа што овластените лица ќе можат да потпишат договор/анекс на договор со валиден квалификуван дигитален сертификат.

Известување (1) за доставување на документација за утврдување на договорен надоместок за 2024 година - ДОПОЛНУВАЊЕ

За јавни здравствени установи (ЈЗУ), приватни здравствени установи (ПЗУ) кои вршат болничка здравствена заштита и ЗУ кои обезбедуваат специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување (бањи) [ДОПОЛНУВАЊЕ 07.11.2023]

Известување (2) за доставување на документација за утврдување на договорен надоместок за 2024 година

За приватни здравствени установи (ПЗУ) кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита, ЗУ кои обезбедуваат здравствени услуги за вршење на хемодијализен третман и ЗУ кои обезбедуваат здравствени услуги за биомедицинско-потпомогнато оплодување (БПО)

Надградба на порталот на Фондот

Во претходниов период се правеше софтверска надградба на порталот на Фондот. Од оваа причина старите зачувани линкови (Bookmarks, Favourites), од кои пристапувате до порталот, се нефункционални и треба да се избришат од вашиот прелистувач, бидејќи можат да предизвикаат грешки...

Потпишано писмо за соработка помеѓу Фондот и Проектот на УСАИД за партнерство против корупција

Во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, денеска беше потпишано писмо за соработка помеѓу Фондот и Проектот на УСАИД за партнерство против корупција кој ќе биде спроведуван од страна на  Менаџмент системс Интернешнал, компанија на Тетра Тек.

Kрводарителска акција – “Фондовско срце”

Денес се одржа традиционалната крводарителска акција – “Фондовско срце”. Оваа   крводарителска акција   се одржува секоја година во просториите на Фондот за здравствено осигурување.

Подобра грижа за пациентите со цистична фиброза

Денес, во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, генералниот директор на Фондот, Сашо Клекоски, оствари средба со делегација на Вертекс, единствениот производител на иновативна терапија за цистична фиброза во светот, на која се истакна посветеноста и грижата на Фондот за пациентите со цистична фиброза. 

Учество на генералниот директор Сашо Клековски на конференција за ракот во Букурешт

Денеска во Букурешт во организација на Сенатот и Владата на Романија се одржа настан посветен на грижата за ракот, на кој учествуваа претставници од ЕУ и повеќе европски земји, како и делегација од Македонија. 

Одржана работна средба во ФЗО со претставниците на Владата на чело со Проф. д-р Христијан Мицкоски, Претседателот на Владата

Ова е прва посета на Претседател на Влада на Фондот по 2012 година и е јасен показател за посветеноста на оваа Влада за подобрување на здравството. На оваа средба се презентираше работата на Фондот во првите 100 дена на Владата.

Oдржан работен состанок на генералниот директор Сашо Клековски со Горан Минчев, Министер за јавна администрација

Денес, генералниот директор на ФЗОМ Сашо Клековски и министерот за јавна администрација , Горан Минчев, одржаа работен состанок   во просториите на Министерството за информатичко општество и јавна администрација.