Соопштение за важност на извештај од лекар специјалист/субспецијалист, отпусно писмо и конзилијарно мислење

Соопштение за важност на извештај од лекар специјалист/субспецијалист, отпусно писмо и конзилијарно мислење

Од страна на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, за време на изречената мерка за спречување на ширењето и сузбивање на заразата од Covid–19 (Коронавирус), се донесени одредени мерки и активности во делот на работењето на здравствените установи кои имаат склучено договор со Фондот. Овие мерки и активности го опфаќаат спроведувањето на првото на осигурените лица на основни здравствени услуги согласно Законот за здравствено осигурување, што зависи од редовното работење на здравствените установи од: примарната, специјалистичкоконсултативната и болничката здравствена заштита.