Директор на ФЗОСМ М-р Магдалена Филиповска Грашкоска

М-р Магдалена Филиповска Грашкоска

Биографија

М-р Магдалена Филиповска Грашкоска

В.д. Генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија од 19.04.2022 година.

Родена е на 10.01.1982 година во Скопје.

Дипломирала во 2005 година на Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет “Јустинијан Први”, отсек: правни науки, а во 2010 година магистрирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Правен факултет “Јустинијан Први” во областа на деловното право (Трговско право, Заштита на потрошувачи, Меѓународни трговски договори, Преземање на друштва, Корпоративно управување, Банкарско право, Стечајно право, Финансиски и стратегиски менаџмент, Маркетинг итн.)

Покрај мајчиниот македонски јазик, активно го користи англискиот јазик (CEFR ниво – Ц1).

Целосно е компјутерски писменa, вклучувајќи користење на Windows™, MS Office™ (Microsoft Office Specialist for Word 2013) и други специјализирани програми.

 

Претходно искуство

Во 17 годишната професионална кариера, работела на повеќе работни и раководни места во јавната администрација на Република Северна Македонија, односно во Секретаријатот за законодавтсво на Владата на Република Северна Македонија, во Министертвото за финансии, а од август 2017 до април 2022 беше претседател на Инспекцискиот совет.

Присуствувала на повеќе меѓународни и домашни конференции, семинари и работилници и поседува сертификати за обучувач, управување со човечки ресурси и управување темелено на компетенции.