Од сега партиципација од 6000 денари за остварување право на ин витро на товар на буџетот на Фондот

Правото на ин витро е една од програмите на Фондот кое е со исклучително висок приоритет. Нашата цел е да излеземе пресрет на сите барања на осигурениците кои сакаат да имаат деца, а имаат потешкотии да го остварат тоа. Токму затоа, Фондот за здравствено осигурување со задоволство информира дека од 13.11.2015 година, согласно законските измени кои стапија на сила, осигурените лица кои сакаат да остварат право на ин витро се ослободени од плаќање учество (партиципација) која изнесува 6,000 денари за користење на здравствените услуги во постапките за ин витро (БПО) за добивање прво, второ, трето и четврто дете најмногу до трет неуспешен обид за оплодување. Партиципацијата ќе биде надоместена од страна на Фондот.