Известување за проширување на ЛУ-1 пакет

Со цел унифицирање на работењето како и давање на правилни насоки на осигурениците за добивање на соодветни услуги, Ве потсетуваме дека во договор со матичните лекари направено е проширување на услугите опфатени со ЛУ1 образецот. Проширувањето има за цел зајакнување на примарната здравствена заштита и рано откривање и дијагностицирање на болестите. Бихемиските анализи со кои е направено проширувањето на ЛУ1 упатот се следните: Глукоза толеранс тест (OGTT), Гликолизиран хемоглобин (HbA1C) и Тиреостимулирачки хормон (TSH).