Зголемена капитација кај стоматолозите, мотив за подобра услуга - Посета на ординации во Кавадарци

Денес во Кавадарци директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, др Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани имаа средби со стоматолози од неколку приватни стоматолошки ординации во Кавадарци. На средбите стана збор за новата мерка на Фондот за здравствено осигурвање на Македонија со која од 1 јануари 2016 година се зголеми капитациониот бод за матичните стоматолози од 35 на 40 денари, а која треба да резултирa сo подобрување на стоматолошката здравствена заштита на нашите осигуреници.