Почитувани,
Во врска со Соопштението на Народна банка на Република Северна Македонија објавено на 12.08.2020 година за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, СЕ ИЗВЕСТУВААТ сите осигуреници кои имаат поведено постапка во Фондот за остварување на некое право од задолжителното здравствено осигурување како и овластените лица на здравствените установи/ правни лица со активен договор со Фондот, кои имаат трансакциски сметки во Еуростандард банка АД Скопје, во најкраток можен рок да достават известување до Фондот на која трансакциска сметка од друга банка во РСМ би сакале да им продолжи исплата на средства, во наредниот период.
Со почит, ФЗОРСМ