Издавање на лабораториски упат ЛУ 1- COVID – 19 од избран лекар

covid

Во Службен весник на Република Северна Македонија бр.303/2020 на 21.12.2020 година, објавена е Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на обрасците предвидени во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, со која се воведува новиот образец на Лабораториски упат 1 – COVID-19-(SARS-CoV2) -“ЛУ1-COVID-19. На одлуката направена е исправка во Службен весник на Република Северна Македонија бр.311/2020 од 28.12.2020 година, со која е објавен и самиот образец на овој упат кој е потребно да се применува во пракса.