СООПШТЕНИЕ
Продолжување на боледување по сите основи, избраниот лекар врши врз основа на непосреден преглед на осигуреното лице. При тоа почнувајќи од 28.07.2021 година (среда) потребната скенирана документација(ПСР образецот и извештајот од специјалист/конзилијарно мислење/отпусно писмо), избраниот лекар треба да ја доставува електронски на новиот е-маил [email protected] кај одговорно лице на Лекарските комисии (ПЛК/ВЛК) на Фондот.
Воедно ве информираме дека поради проблем со мејл комуникацијата на Фондот, потребно е избраните лекари повторно да ги проследат на новата е-маил адреса на Лекарските комиси сите барања за продолжување на боледување на осигурениците од 24.07.2021 година заклучно со 27.07.2021 година.