
Б) ПАТНИ ТРОШОЦИ
Осигуреното лице може да оствари право на патни трошоци во следните случаи:
- ако е упатено да користи здравствени услуги во врска со дијализа или вежби за рехабилитација на видот, слухот и говорот надвор од местото на живеење.
- Правото на надомест на патните трошоци на товар на Фондот се остварува со поднесување на барање (образец бр.4 патни трошоци) од осигуреното лице кон кое се приложува следната документација:
- Потврда за бројот на извршени здравствени услуги во предходниот календарски месец издадена од здравствената установа каде се извршени здравствените услуги
- Потврда од здравствената установа каде е извршена хемодијализата дека нема организиран превоз
- Здравствена легитимација на увид