
Споредувајќи го работењето со користење на хартија во однос на е-услугите на порталот можеме да кажеме дека истиот нуди многу предности:
За осигурениците
- Можност за брз електронски пристап до податоци за своето здравствено осигурување
- Можност за брз електронски пристап до податоци за своите избрани лекари и податоци врзани за нив
- Можност да изберете лекар и веднаш да користите здравствена услуга доколку поседувате електронска здравствена картичка
За фирмите
- Можност пријавата во здравствено осигрување да ја направите од канцеларија наместо да чекате на шалтерите во подрачните служби
- Пријавата можете да ја направите без лимит во работното време, бидејќи порталот е достапен 24/7
- Можност за мониторирање на поднесените барања преку портал
- Можност за брз електронски пристап до податоци
За здравствените установи и здравствените работници
- Можноста за брза проверка на здравственото осигурување за пациентите кои користат здравствени услуги во нивната установа кои поседуваат електронска здравстевна картичка
- Можност за е-промена на избран лекар за осигурениците кои поседуваат електронска здравствена картичка