Стратегија на ФЗОМ
Со цел зголемување на транспарентноста на работењето, завземање на јасна визија и поле на делување ФЗОМ изготви 5 годишен стратешки план. Визијата на Стратешкиот план кој содржи 6 основни цели и 27 подцели е: препознатливост на ФЗОМ како купувач на здравствени услуги кој обезбедува ефикасна администрација на правата на осигурениците и здравствени услуги за кои склучува договори со здравствените установи. Активностите од подцелите се разработени од секторите на ФЗОМ со конкретни мерки и дејствувања. Како прв ваков официјален документ во ФЗОМ стратешкиот план беше усвоен од управниот одбор на ФЗОМ. Стратешкиот план Ви го доставуваме на увид на web страницата на ФЗОМ заедно со програмата за работа на ФЗОМ
- Стратешки план на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за период од 2023-2028 година
- Стратегија за управување со ризици
- Стратешки план на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за период од 2010-2015 година
Од 2011 година за прв пат е изработена програма за работа на ФЗОМ со секторски/одделенски задачи и рокови. Програма е усвоена од Управниот Одбор. Реализацијата на програматра ќе можете да ја следите преку соопштенијата од ФЗОМ како и преку инфо билтените на ФЗОМ за кои се надеваме дека наидоа на Ваше одобрување.