Користење на здравствени услуги во Република Северна Македонија со држави со кои има договор за социјално осигурување
Лицата кои се здравствено осигурени во странство, за време на привремен престој во Република Северна Македонија (упатување на привремена работа, приватно или службено патување, студиски престој, школување, стручно усовршување, меѓународна – техничка, научна и културна соработка и слично) на основа на двојазични обрасци /потврди, можат да користат итни и неопходни здравствени услуги. Здравствените услуги можат да се користат во сите здравствени установи кои имаат склучено Договор со ФЗОРСМ, а на товар на странскиот носител на здравствено осигурување.
Двојазични обрасци / потврди, за остварување на право на здравствени услуги по земји:
Држава | Упатување на привремена работа | Приватни или службени патувања, школување и слично | Лекување |
Австрија | EHIC/ ПП/Сертификат | EHIC/ ПП/ Сертификат | А/МК 3-А |
Албанија | АЛ/РМ 128 | АЛ/РМ 111 | АЛ/РМ 112 |
Белгија | БЕ/РМ 128 | EHIC/ ПП /Сертификат | |
Босна и Херцеговина | БиХ/РМ 4 или БиХ/РМ 4А | БиХ/РМ 3 | |
Бугарија | РБ/РМ 114 | EHIC / ПП /Сертификат | |
Германија | EHIC / ПП/Сертификат | EHIC / ПП / Сертификат | РМ/Д 112 |
Италија | Ит.1 или Ит.3 | Ит.7 | Ит.8 |
Луксембург | EHIC / ПП /Сертификат | EHIC / ПП / Сертификат | Л/РМ 112 |
Полска | ПЛ/РМ 111 | ||
Словенија | СИ/РМ 5 | EHIC / ПП / Сертификат | СИ/РМ 4 * |
Србија | СРБ/РМ 128 | СРБ/РМ 111 | |
Словачка | СК/РМ 128 | EHIC / ПП / Сертификат | СК/РМ 112 |
Турција | ТР/РМ 4 | ТР/РМ 4 | |
Франција | SЕ 21-01 | SE 21-04 и / или SE 21 04A | |
Унгарија | ХУ/РМ 111 | ХУ/РМ 111 | ХУ/РМ 112 |
Холандија | EHIC / ПП / Сертификат | EHIC / ПП / Сертификат | |
Хрватска | ХР/РМ 4 | ХР/РМ 3 | ХР/РМ 9 * |
Црна Гора | МНЕ/РМ 128 | МНЕ/РМ 111 | МНЕ/РМ 112 |
Чешка | EHIC / ПП / Сертификат | EHIC / ПП / Сертификат | ЦЗ/РМ 112 |
[1] Осигурените лица за користените здравствени услуги на основа на обрасците/потврдите, плаќаат само партиципација (се изедначуваат со осигурените лица на ФЗОРСМ)
*Се чека повторно воспоставување на примената на двојазичниот образец