Одбележана "Неделата на женското здравје"
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари-МАГО ја одбележа „Неделата на женското здравје” како дел од кампањата за обезбедување подобра институционална заштита на жените и професионално здравствено информирање за сите превентивни прегледи. На настанот беше претставен и проектот „Мобилни гинеколошки амбуланти“, а се разговараше и за развивање нова стратегија за ХПВ вакцината во РСМ, каде што и момчињата рутински би се вакцинирале против ХПВ.