Соопштение во врска со барањето за упатување на лекување во странство за осигуреникот Л.И.

Соопштение во врска со барањето за упатување на лекување во странство за осигуреникот Л.И.

Решенијата за остварување на права од задолжително здравствено осигурување на осигурените лица, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија ги носи согласно законските прописи и правилници.
 
Барањето на осигуреното лице Б.И. од Скопје, за неговото дете Л.И., за упатување на лекување во странство, се одби како неосновано, бидејќи не се работи за упатување на лекување во странство туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација, како продолжено болничко лекување. 
Медицинската рехабилитација, како продолжено болничко лекување, Фондот ја обезбедува во здравствените установи во Република Северна Македонија со кои склучил договор и истата може да ја користат сите осигуреници на Фондот.

Според Законот за здравствено осигурување, осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а можност за успешно лекување на тоа заболување постои во земјата во која осигуреникот се упатува. 
Под истите услови се користат и здравствени услуги за контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство, одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Северна Македонија.

Според одредби од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство, осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство, со цел спроведување на специјализирана медицинска рехабилитација, како што е во конкретниов случај - нема право на надомест за трошоците на товар на Фондот. 
Според сето ова, одлуката за осигуреникот Л.И., Фондот и лекарските комисии ја донесоа во согласност со горенаведените законски прописи. 

Со почит,
ФЗОРСМ