Модернизација
Во текот 2013 година, ФЗОМ започна со имплементација на два големи проекти, проектот за воведување на ново софтверско решение од втора и трета фаза од централизација на информациониот систем - ИС на ФЗОМ и софтверското решение за веб портал со ЕСБ. Во проектот за втора и трета фаза од централизација на ИС се опфатени останатите функции на ФЗОМ кои не беа опфатени во првата фаза, а тоа се: сметководствените модули, надоместоци на плата поради боледување, остварување на права од здравствено осигурување – рефундации, лекарски комисии, БПО, евиденција на побарувања од сообраќајни незгоди, лекување во странство, осигурување по конвенции, креирани се нови централни регистри на лекови и ортопедски помагала и др. Сите деловни процеси во најголем дел се автоматизирани, обезбеден е квалитет и точност на податоците, со цел да се зголеми квалитетот и времето на обработката на податоците во подрачните служби на ФЗОМ.
Новиот централизиран информациски систем на ФЗОМ, беше ставен во функција од почетокот на месец септември 2012 година, како дел од првата фаза на централизација, а во текот на 2013 година беше постојано надградуван. Истиот беше основа за развој на електронски услуги за осигурениците, здравствените работници и компаниите. Така, кон средината на 2013 година, беше ставен во употреба web порталот што на интензитет доби во почетокот на септември 2013 година.
Зголемениот број предадени картички овозможи зголемено користење на електронските услуги што ги нуди ФЗОМ, а се остваруваат со помош на електронската здравствена картичка. Електронската здравствена картичка почна да се користи како идентификациона картичка во информациониот систем на ФЗОМ.
Е-услуги
Со проектот за софтверско решение за веб портал на ФЗОМ со ЕСБ, ФЗОМ е меѓу првите институции што започнува со имплементирање на е-услугите за своите осигуреници. Со ова, дел од услугите кои досега се извршуваа на шалтерите на ФЗОМ, сега се остваруваат преку порталот на ФЗОМ. Во 2013 година овозможени се следниве услуги:
- За осигурениците - пристап до податоците за личното осигурување и осигурувањето на своите членови, податоци за избраните лекари по општа медицина, стоматологија и гинекологија за себе и за своите членови помлади од 14 години.
- За фирмите - можност за електронска пријава во здравствено осигурување за лицата за кои има пристигнато М1 пријава од Агенцијата за вработување на Македонија, електронска пријава на нивни членови и одјава на членови. За да се користи оваа услуга овластеното лице мора да поседува електрoнска здравствена картичка.
- За здравствените установи - можност за проверка на важноста на осигурување за осигурениците кои користат здравствени услуги. За прв пат договорите за 2014 година со сите здравствени установи се потпишаа електронски, со користење електронска здравствена картичка на овластените лица на установите.
- За избраните лекари од општа медицина, гинекологија и стоматологија - можност за електронска ИЛ промена на избран лекар, за следење на евиденцијата на осигуреници со активни ИЛ пријави, следење на евиденција на ИЛ одјави и др.
Сите овие електронски услуги, овозможија укинување на сините картони за оние осигуреници кои ги имаат подигнато електронските здравствени картички, исто така, обезбедија основа за постепено укинување на хартиените ИЛ обрасци за избор на матичен лекар, за укинување на хартиените ЗО пријави/одјави во здравствено осигурување за осигурениците во работен однос и членовите осигурени преку нив.