Вовед
Фондот за здравствено осигурување на Македонија е основан со Законот за здравствено осигурување ("Сл.весник на РМ" бр.25/2000, 34/2000 и 96/2000) заради спроведување на задолжително здравствено осигурување, како институција која врши дејност од јавен интерес и јавни овластувања утврдени со Законот. Со Законот за здравствено осигурување се уредува здравственото осигурување на граѓаните, правата и обврските од здравственото осигурување, како и начинот на спроведување на здравственото осигурување. Врз основа на овластувањата дадени во Законот и делокругот на работа, со Фондот управува Управен одбор, а со работата на Фондот раководи Директорот на Фондот. Работите и работните задачи Фондот ги изврши согласно Програмата и Планот за работа на Фондот, усвоена на почетокот на годината. Планските активности се спроведуваат согласно реформските процеси во здравствениот сектор, со подршка на Светската банка и се одвиваа во следните насоки:
- Реформи во примарната здравствена заштита
- Реформи во специјалистичко - консултативна здравствена заштита
- Реформи во болничката здравствена заштита
- Воведување на информациона технологија во здравството
- Континуирани тековни активности спрема планот и програмата за работа на Фондот за тековната година
- Фондот врши дејност од јавен интерес и врши јавни овластувања утврдени со овој закон.
- Фондот има својство на правно лице.
- Фондот е самостоен во својата работа.
- Седиштето на Фондот е во Скопје.
- Фондот има статут.
- Фондот има единствена жиро - сметка.
Историја
Врз основа на Амандманот 64 од поранешниот Устав на 30 јуни престанаа да функционираат 35-те општински смоуправни интересни заедници за здравствена заштита и здружената СИЗ на град Скопје.
Во согласност со оваа одредба, во состав на Министерството за здравство почна со работа Фондот за здравствено осигурување, како единствена осигурителна организација во која се спроведува задолжителното здравствено осигурување врз начелата на заемност солидарност, за целата територија на Репуѕблика Македонија.
Во Фондот за здравствено осигурување се обезбедуваат средствата за основната здравствена заштита, за мрежата на здравствените организации и финансирање на дејноста на здравствените организации, врз основа на цени на здравствени услуги односно програми и договори за срповедување на здравствената заштита на осигурерниците.
Во состав на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, практижно немаше никаква самостојност иако беше определено дека има својство на правно лице. Фондот нема статут, нема орган на управување, а директорот на Фондот, кој го именува Владата на република Македонија е одговорен пред министерот за здравство.
Собранието на на Република Македонија на 17 октомври 2000 година донесе одлука со која именува членуви на управниот одбор на фондот за здравствено осигурување на Македонија ( "Службен весник на РМ", бр.84/2000).
Владата на Република Македонија на 8 ноември 2000 година донесе одлука со која именуваше вршител на должноста директор на фондот за здравстввено осигурување на Македонија ("Службен весник на РМ", бр. 92/2000 ).
Со овие одлуки на Собранието и Владата на Република Македонија се исполнети условите за започнување со работа на Фондот за здравствено осигурување на Македонија како самостојна институција за спроведување на задолжителното здравствено осигурување.
Статут
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој статут, во согласност со Законот за здравственото осигурување се уредуваат: дејноста, организацијата и начинот на работењето на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (во натамошниот текст: Фонд), органите на управувањето и нивниот делокруг, претставувањето и застапувањето на Фондот,организацијата и вршењето на стручните, административните и другите работи, јавноста во работењето на Фондот и неговите органи, постапката за донесување на акти на Фондот и други прашања од значење за работењето на Фондот.