Политика за квалитет

Политика за квалитет

МИСИЈА

ФЗОМ обезбедува права и здравствени услуги од основниот пакет на услуги на осигурениците врз начелата на сеопфатност, солидарност и еднаквост.

ВИЗИЈА

ФЗОМ да стане препознатлив како купувач на здравствени услуги кој обезбедува квалитетна, навремена, отчетна и ефикасна администрација на правата на осигурениците и здравствени услуги за кои склучува договори со здравствени установи.

За реализирање на својата основна цел ФЗОМ првенствено се фокусира на задоволството на осигурениците, а тоа го постигнува со следните цели:

  • ефикасна администрација за остварување на правата на осигурениците преку систем на прецизно утврдени постапки и упатства за работа во сите сегменти на деловните процеси
  • континуирана едукација и обука на вработените, проследена со мерење на резултатите од работењето и оценување на вработените
  • високо ниво на професионален однос со здравствените установи и со осигурениците
  • континуирана едукација на осигурениците за нивните права од здравствено осигурување и навремено информирање на јавноста за сите новини и важни измени во доменот на работењето на ФЗОМ преку редовно ажурирање на веб страната и медиумите
  • добар систем на внатрешна контрола и ревизија;
  • идентификување и управување со ризиците;
  • обезбедување на сите здравствени услуги и права од здравствено осигурување од основниот пакет во согласност со расположливите средства, во и вон земјата
  • финансирање на правата и здравствените услуги кои ги обезбедува Фондот во согласност со буџетот;
  • стимулација на рационална употреба на лекови и квалитетно лекување на осигурениците со определените ресурси;
  • осовременување и централизација на ИТ системот на ФЗОМ; 
  • електронско поврзување со здравствените установи за размена на податоци за извршените здравствени услуги; 
  • воведување на електронско остварување на правата на осигурениците; 
  • спроведување на меѓународни договори од областа на здравството; 
  • учество во утврдување и реализација на национални програми за здравствена заштита; 
  • постојано подобрување на воспоставениот Систем за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ИСО 9001:2008.
     

Политиката за квалитет е достапна на јавноста и преставува обврска за сите вработени.

Април, 2013