Управен одбор

Управен одбор

Управен одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија

Со Фондот управува Управен одбор.

Управниот одбор се состои од 7 члена кои ги именува Владата на Република Македонија за време од четири години и тоа:

  • еден претставник предложен од Министерството за здравство,
  • еден претставник предложен од Министерството за финансии,
  • еден претставник предложен од Сојузот на синдикатите на Македонија,
  • еден претставник предложен од Стопанската комора,
  • еден претставник предложен од Лекарската комора на Македонија и Стоматолошката комора на Македонија,
  • еден претставник предложен од Здружението на пензионерите и
  • еден претставник на осигурениците предложен од Здружението на потрошувачите.

Управниот одбор има претседател и заменик на претседателот од именуваните претставници од Министерството за здравство и Министерството за финансии кои наизменично по една година се менуваат во текот на мандатот.

За членови на Управниот одбор се предлагаат лица кои имаат високо образование и работно искуство од финансиското работење или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување, при што да се води сметка за соодветната и правичната застапеност на граѓаните на сите заедници.