
Организациска поставеност
- Организациската поставеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
- Правилник за внатрешна организација на ФЗОМ
- Органограм
Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија
М-р Магдалена Филиповска Грашкоска,од 19.04.2022 до 17.10.2022 година е В.Д. Генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Со одлука на Владата на РСМ на ден 18.10.2022 година е именувана за Генерален директор на ФЗОРСМ.
Родена е на 10.01.1982 година во Скопје. Дипломирала во 2005 година на Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет “Јустинијан Први”, отсек: правни науки, а во 2010 година магистрирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Правен факултет “Јустинијан Први” во областа на деловното право (Трговско право, Заштита на потрошувачи, Меѓународни трговски договори, Преземање на друштва, Корпоративно управување, Банкарско право, Стечајно право, Финансиски и стратегиски менаџмент, Маркетинг итн.)
Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фатон Ахмети, роден 1987 година, во Тетово, Република Северна Македонија.Има завршено дипломски студии по фармација, магистерски студии по фармацевтски науки и магистерски студии по бизнис администрација – менаџмент. Во периодот 2009-2017 бил ангажиран на различни проекти во здравствениот сектор, на повеќе позиции: проект менаџер, менаџер на квалитет, менаџер на корисничка поддршка и аналитичар на работни процеси.
Офицер за заштита на лични податоци
Сашко Младеновски
+389 2 3289 052
[email protected]