Сашо Клековски
Биографија:
Сашо Клековски е роден е на 13 април 1966 година во Скопје. Завршен Медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и МБА академска програма на УАЦС. Оженет со Ана, има две деца, Ангелина и Никола.
Работно искуство:
- Триесет годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор
- На крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите е прв човек на Сојузот на студентите по медицина на Македонија и Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
- Во 1993 година еден од основачите, а од 1994 година до 2011 година, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Од 1998 до 2008 година го води воспоставувањето на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и е претседавач на Одборот на старатели на МРФП од 2017 година до сега. Основач е и член на органи на повеќе граѓански организации, а соработувал со голем број на граѓански организации, мрежи и платформи од различни подрачја.
- Прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија од 2007 година до 2010 година. Предавач на Факултетот за деловна економија и менаџмент на УАЦС на МБА студии по предметот Претприемнички финансии од 2013 до 2016 година. Член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од 2022 година.
- Во јавниот сектор работел на подготовка на повеќе национални стратегии, како на пример првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007-2011 година и првата Државна програма за превенција и репресија на корупцијата 2007-2011 година, како и на јакнење на капацитетот на институции, како што се Народен правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
- Во приватниот сектор работел на стратешки анализи, како на пример Индексот за бирократија во 2020 и 2021 година и како консултант на реструктурирање и сосопственик на бизниси.
- Има искуство надвор од Македонија, на Балканот и ЕУ.
- Автор е на повеќе истражувачки извештаи, книги и написи. Колумнист во „Нова Македонија“ од 2012 година до 2024 година. Своите ставови ги објавува на блогот „Меѓутоа“.