Користење на здравствени услуги во РМ

Користење на здравствени услуги во РМ

Користење на здравствени услуги во Република Македонија со земји со кои има договор за социјално осигурување

 Лицата кои се здравствено осигурени во странство, за време на привремен престој во Република Македонија (упатување на привремена работа, приватно или службено патување, студиски престој, школување, стручно усовршување, меѓународна – техничка, научна и културна соработка и слично) на основа на двојазични обрасци, потврди, можат да користат итни и неопходни здравствени услуги. Здравствените услуги можат  да се користат во сите здравствени установи кои имаат склучено Договор со ФЗОМ, а на товар на странскиот носител на здравствено осигурување.

Двојазични обрасци, потврди, за остварување на право на здравствени услуги по земји:

Држава Упатување на привремена работа Приватни или службени патувања, школување и слично Лекување
Австрија EHIC/ ПП/Сертификат EHIC/ ПП/ Сертификат А/МК 3-А
Албанија АЛ/РМ 101: АЛ/РМ 123 и АЛ/РМ 128 АЛ/РМ 111 АЛ/РМ 112
Белгија БЕ/РМ 128 EHIC/ ПП /Сертификат  
Босна и Херцеговина БиХ/РМ 4 или БиХ/РМ 4А БиХ/РМ 3  
Бугарија РБ/РМ 114 EHIC / ПП /Сертификат  
Германија EHIC / ПП  / Сертификат EHIC / ПП  / Сертификат РМ/Д 112
Италија Ит.1 или Ит.3 Ит.7 Ит.8
Луксембург EHIC / ПП  / Сертификат EHIC / ПП  / Сертификат Л/РМ 112
Полска ПЛ/РМ 111    
Словенија СИ/РМ 5 EHIC / ПП  / Сертификат СИ/РМ 4 *
Србија СРБ/РМ 128 СРБ/РМ 111  
Словачка СК /РМ 128 EHIC / ПП  / Сертификат СК/РМ 112
Турција ТР/РМ 4 ТР/РМ 4  
Франција SЕ 21-01 SE 21-04 и / или SE 21 04A  
Холандија EHIC / ПП  / Сертификат EHIC / ПП  / Сертификат  
Хрватска ХР/РМ 4 ХР/РМ 3 ХР/РМ 9 *
Црна Гора МНЕ/РМ 128 МНЕ/РМ 111 МНЕ/РМ 112
Чешка EHIC / ПП  / Сертификат EHIC / ПП  / Сертификат ЦЗ/РМ 112

[1] Осигурените лица за користените здравствени услуги на основа на обрасците, потврдите, плаќаат само партиципација (се изедначуваат со осигурените лица на ФЗОМ)

Се чека повторно воспоставување на примената на двојазичниот образец