
Почитувани,
Ве информираме дека од 15 мај започнува да се реновира објектот на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје преку Проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерство за здравство.
За време на реновирањето пациентите ќе бидат пренасочувани за хоспитален третман во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница “8-ми Септември“-Скопје, за што овие установи имаат доволно капацитети. Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ “8-ми Септември“-Скопје, а амбулантата за детска и адлесцентна психијатрија ќе функционира во склоп на Заводот за ментално здравје „Младост“-Скопје.
Распоред за работа на клиниката за период на реконструкција во прилог
Бр. |
Одделение |
Институција каде е преместено |
Адреса на институцијата |
Контакт тел. |
1 |
Конзилијарни прегледи и ургентна амбуланта за Универзитетски клиники, ЕЕГ и биофидбек |
Постојна амбуланта на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија-Скопје |
Ул. „Белградска“бб, Скопје |
02/ 3147-320, 075-456-917 |
2 |
Детска и адолесцентна психијатрија-хоспитален дел |
ГОБ “8-ми Септември“-Скопјe, оддел за психијатрија (8 кат) |
Ул. „Париска“бб Скопје |
072-224-034, 070-377-390 |
3 |
Детска и адолесцентна психијатрија-Кабинет за невроразвојни растројства |
Завод за ментално здравје „Младост“-Скопје |
Бул.„Партизански Одреди“, бр. 60а Карпош 2, Скопје |
070-377-390 |
4 |
Редовни амбуланти |
Амбуланта Тафталиџе-Здравствен дом Скопје |
Букурешка бр.2, Тафталиџе, Скопје |
071-208-282 |
5 |
Дневна болница |
Центар за ментално здравје „Идадија“-Скопје |
Ул. Коле Неделковски 52, Сkопје |
070-255-436 |
6 |
Администрација на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија |
ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух говор и глас Скопје |
Ул. „Белградска“ бб, Скопје |
076-456-303, 075-444-025, 075-240-230 |