Соопштенија

Соопштение во врска со укинување на бандероли за лекови кои паѓаат на товар на Фондот

Фондот за здраствено осигурување на Македонија во соработка со фармацевтската комора на Македонија како и во соработка со дистрибутерите на лекови и аптеките, донесе одлука за укинување на бандеролите за лековите кои подпаѓаат на товар на Фондот со важност од 01.09.2010.

Соопштение до јанвоста во врска со писмото до медиумите на екс портпаролот на ФЗО

Во врска со отвореното писмо до медиумите на екс портпаролот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Дејан Гацов, во кое тој ги посочува Владата на Република Македонија и Мартин Протуѓер, шефот на кабинетот на Премиерот , како креатори на политиката на објавување огласи во весниците делејќи ги на „ пријателски“ и „ непријателски“,а притоа апострофирајќи го „Дневник“ како „непријателски“.

Специјалистичка здравсвена заштита во Македонија и во регионот

Во рамките на Форумот на здравствените фондови од регионот кој што се одржува деновиве во Охрид, се одржа сесија посветена на секундарната здравствена заштита на пациентите (амбулантски специјалистички услуги) на која што земаа учество директорката за финансии на ФЗОМ м-р. Татјана Лукановска, директорот директорот за развој на фондот во Република Српска г-н. Зоран Каралиќ, директорот за развој и информатика на црногорскиот фонд г-н. Зоран Гломазиќ и директорот за развој на литванскиот фонд г-н. Гинтарас Качевичиус.

ДСГ во Македонија, Словенија и Хрватска

Во рамките на Форумот на здравствените фондови од регионот кој што се одржува деновиве во Охрид, се одржа сесија посветена на ДСГ (дијагностичко сродни групи) имплементацијата и подобрувањата во болничкиот ДСГ систем, на која што земаа учество директорката на ФЗОМ м-р. Маја Парнарџиева-Змејкова, Директорот на словенечкиот фонд д-р. Само Факин и директорот на хрватскиот фонд д-р. Тихомир Стризреп.

Регионален форум на фондовите за здравство

На 31 мај и 1 јуни, во Охрид се одржува IV–от Регионален форум за финансирање на јавното здравствено осигурувањe каде Р. Македонија за прв пат ја има честа да се јави во улога на домаќин на еден ваков настан од областа на здравственото осигурување. Имено, организатор на овој настан е Фондот за здравствено осигурување на Македонија со поддршка од ИПА Програмата за координација на социјалната сигурност и реформи во социјалната сигурност.

Соопштение до јавноста за начинот на избор на лабораторија

Фондот за здравствено осигурувањ е на Македонија сака да им соопшти на своите осигуреници дека од почетокот на 2010 година имаат право да избираат лабараторија во која што ќе ги прават потребните испитувањ а, доколку таа лабараторија има склучено договор со Фондот*