Специјалистичка здравсвена заштита во Македонија и во регионот

Во рамките на Форумот на здравствените фондови од регионот кој што се одржува деновиве во Охрид, се одржа сесија посветена на секундарната здравствена заштита на пациентите (амбулантски специјалистички услуги) на која што земаа учество директорката за финансии на ФЗОМ м-р. Татјана Лукановска, директорот директорот за развој на фондот во Република Српска г-н. Зоран Каралиќ, директорот за развој и информатика на црногорскиот фонд г-н. Зоран Гломазиќ и директорот за развој на литванскиот фонд г-н. Гинтарас Качевичиус.