ДСГ во Македонија, Словенија и Хрватска

Во рамките на Форумот на здравствените фондови од регионот кој што се одржува деновиве во Охрид, се одржа сесија посветена на ДСГ (дијагностичко сродни групи) имплементацијата и подобрувањата во болничкиот ДСГ систем, на која што земаа учество директорката на ФЗОМ м-р. Маја Парнарџиева-Змејкова,
Директорот на словенечкиот фонд д-р. Само Факин и директорот на хрватскиот фонд д-р. Тихомир Стризреп.