Повторна реакција по повод објавената статија од А1 телевизија со наслов „ Нема доволно импланти за децата со оштетен слух“

Изразуваме жалење за непрофесионалниот однос на А1 телевизија. Необјавувањето на ставот на Фондот за здравствено осигурување во прилогот и необјавувањето на нашата реакција на некоректното известување, непретставувањето на фактите и вршењето на манипулација во прилогот, се грубо кршење на етичките принципи на новинарската професија.