Соопштенија

Соопштение до јавноста за ПДД-ГИ за 2010 година

Почитувани, Ве известуваме дека на шалтерите на подрачните служби на фондот за здравствено осигурување на Македонија може да се подигнат потврдите за примени средства од фондот во 2010 година по основ на надомест на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест, повреда, нега на член на потесно семејство и бременост, раѓање и мајчинство

Е-формулари за ПЗУ-аптеки како дел од проектот е-Влада

По повод денешната промоција на e-платформата за комуникација помеѓу аптеките и ФЗОМ од страна на Министерот за информатичко општество и администрација М-р Иво Ивановски и директорката на ФЗОМ М-р Маја Парнарџиева-Змејкова Ве информираме за придобивките од ваквиот систем на комуникација.

Завршеток на преговорите со Фармацевтска комора на Македонија за договорите на ФЗОМ 2011/2012 година за примарна здравствена заштита

ФЗОМ четврта година по ред соработува со Фармацевтската комора на Македонија во насока на преговарање и приближување на ставовите и барањата на двете страни, а во интерес на осигурениците. Ова е позитивен пример како преку дебата и преговори и редовни оперативни состаноци, може да фунционира јавно-приватно партнерство кое е од јавен интерес за сите осигурени лица во Р.М акедонија.

Завршеток на преговорите со Лекарска комора на Македонија за договорите на ФЗОМ 2011/2012 година за примарна здравствена заштита

ФЗОМ четврта година по ред соработува со Лекарска комора на Македонија во насока на преговарање и приближувањ е на ставовите и барањата на двете страни, а во интерес на осигурениците. Ова е позитивен пример како преку дебата и преговори, како и редовни оперативни состаноци, може да фунционира јавно-приватно партнерство кое е од јавен интерес за сите осигурени лица во Р.М акедонија

ДСГ извештај јануари-септември 2010 година

ДСГ методологијата како систем за евидентирање и фактурирањ е на здравствените услуги за акутните болнички пациенти е една од најдобрите реформ и спроведени во здравството на Република Македонија за што сведочат и другите развиени држави кои работат на овој систем .

Редовен состанок на ФЗОМ со здруженијата на пациенти за позитивната листа на лекови..

На редовниот состанок одржан со здруженијата на пациенти на Македонија, се разговараш е за неколку точки меѓу кои и за ефектите од воведување на новата методологија за референтни цени за примарната здравствена заштита и иницијативата на ФЗОМ за проширувањ е на позитивната листа на лекови со скапи, наместо со лекови кои чинат до 25 денари.

Соопштение до јавноста за начинот на финансирање на здравствените домови и брза помош

Во петокот 12.11.2010 година ФЗОМ организираше работен состанок со Управителите на Здравствените домови од Р.Македонија. На состанокот беше презентирана работна верзија од моделот на финансирање на Здравствените домови по пример и решение од други здравствени системи. Со што од моделот –оправдување на буџет со здравстени услуги се менува во буџетирање според тимови во соодветната дејност.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија денес потпиша нов договор со болницата Филип Втори

Фондот за здравствено осигурување на Македонија денес потпиша нов договор со болницата Филип Втори за изведување на кардио-васкуларно хируршки интервенции на товар на Фондот. Договорот е во согласност со ДСГ методологијата која предвидува плаќањ е на услугите според дијагнозите и процедурите што се извршуваат во здравствената установа, а осигурениците партиципираат според Скалата за партиципација со максимум до 6000,00 денари.

Република М акедонија е една од зем јите која сеуш те нем а воспоставено протоколи за работа на здравствените институции со правно дејство

Република Македонија е една од зем ите која сеуште нема воспоставено протоколи за работа на здравствените институции со правно дејство. Протоколите за работа претставуваат збир на постапки и процедури кои се задолжителни за здравствените работници за определена дијагноза. Пластично, протоколите за работа се објаснуваат како сите задолжителни постапки кои се вршат на пациентот за определена дијагноза, од прием до отпуст од болницата/клиниката.

Предлог референтни цени од позитивна листа на лекови во болничка и примарна здравствена заштита

Во втората фаза на утврдување референтни цени на лекови од позитивната листа согласно новата методологија на ФЗОМ донесени се предлог референтни цени од позитивната листа на лекови за болничка здравствена заштита за 332 генерики на лекови, односно 480 лекови со заштитено име. За останатите, приближно 290 заштитени имиња на лекови, ФЗОМ не беш е во можност да определи предлог референтна цена поради немањ е единствени цени на официјалната веб страницата на Бирото за лекови www.reglek.com.mk.

Изземање на ФЗОМ од меѓусебните обвинувања на двете кардио-хирургии

За годината 2010 ФЗОМ за своите осигуреници обезбедил-купил кардио-васкуларно хируршки интервенции во ист бројкако во м инатата 2009 година. Бројот изнесува околу 1500 операции годишно. Тој број по сите светски стандарди е оптимален за популацијата на Р.Македонија. Со тој број Р.Македонија е единствена држава во регионот каде не постојат долги листи на чекање за кардиоваскуларно хируршки интервенции.

По повод соопштенито од ПЗУ специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ - Скопје

Фондот за здравствено осигурувањ е на Македонија ја информира јавноста дека согласно договорот што го има случен со ФЗОМ , ПЗУ „Филип втори“ е должен сите итни пациенти веднаш да ги прими и оперира, додека останатите пациенти треба да ги распредели според договорениот буџет со ФЗОМ.

Објава на одлука на управен одбор по повод поднесената оставка на директорот Јанез Јелникар

Фондот за здравствено осигурувањ е на Македонија ја информира јавноста дека на седницата на Управниот Одбор на ФЗОМ одржана на 28.09.2010 година, беше разгледана и прифатена оставката поднесена од директорот на ФЗОМ - Јанез Јелникар.

Објава на најефикасни јавни здравствени установи според методологијата на дијагностичко сродни групи (ДСГ)

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (Ф ЗОМ ) во рамките на ДСГ акциониот план сака да ве информира за најефикасните Јавни Здравствени Установи за перидот Јануари-Јуни 2010 година. Во анализата ФЗОМ во предвид ги зема двата клучни фактори  бројна пациенти по доктор и сложеноста на здравствените интервенции на хоспитализирани лица (Case Mix Index).

Повторна реакција по повод објавената статија од А1 телевизија со наслов „ Нема доволно импланти за децата со оштетен слух“

Изразуваме жалење за непрофесионалниот однос на А1 телевизија. Необјавувањето на ставот на Фондот за здравствено осигурување во прилогот и необјавувањето на нашата реакција на некоректното известување, непретставувањето на фактите и вршењето на манипулација во прилогот, се грубо кршење на етичките принципи на новинарската професија.