Предлог референтни цени од позитивна листа на лекови во болничка и примарна здравствена заштита

Во втората фаза на утврдување референтни цени на лекови од позитивната листа согласно новата методологија на ФЗОМ донесени се предлог референтни цени од позитивната листа на лекови за болничка здравствена заштита за 332 генерики на лекови, односно 480 лекови со заштитено име. За останатите, приближно 290 заштитени имиња на лекови, ФЗОМ не беше во можност да определи предлог референтна цена поради немање единствени цени на официјалната веб страницата на Бирото за лекови www.reglek.com.mk.