Фондот за здравствено осигурување на Македонија денес потпиша нов договор со болницата Филип Втори

Фондот за здравствено осигурување на Македонија денес потпиша нов договор со болницата Филип Втори за изведување на кардио-васкуларно хируршки интервенции на товар на Фондот. Договорот е во согласност со ДСГ методологијата која предвидува плаќањ е на услугите според дијагнозите и процедурите што се извршуваат во здравствената установа, а осигурениците партиципираат според Скалата за партиципација со максимум до 6000,00 денари.