Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија има потреба од деловни простории под закуп за својата подрачна служба во Делчево.
За таа цел, објавува оглас со кој ги повикува заинтересираните сопственици на деловни простории во Делчево да достават понуди.
Времетраењето на закупот ќе биде две години, започнувајќи од 26.6.2023 година, со можност, по истекот на периодот закупот да биде продолжен и за подолг временски период.
Деловните простории треба да ги задоволуваат минимум следните критериуми:
- Најмалку 180 м2 површина;
- Просториите треба да се наоѓаат во централното подрачје на населеното место, да претставуваат функционална целина со заеднички влез и да бидат лесно пристапни за вработените на Фондот и за странките;
- Просториите треба да имаат посебен санитарен јазол наменет само за тие простории, како и да имаат загревање и климатизација на електрична енергија, кои може да се управуваат од лица без посебна обука;
- Понудувачот треба да биде сопственик на деловните простории, и да дозволи нивно адаптирање согласно потребите на Фондот.
Заинтересираните сопственици на деловни простории, во својата понуда до Фондот треба да наведат податоци за карактеристиките на деловните простории барани во овој оглас (површина, број на простории, кат, вид на загревање, климатизација, локација со адреса и со катастарска парцела), како и дополнителни податоци за други специфични карактеристики на деловните простории кои би можеле да бидат од значење за потребите на закупецот. Кон понудата треба да се приложи и доказ за сопственоста (имотен лист).
Понудите, во затворен коверт на којшто ќе биде назначено „Понуда на деловни простории под закуп во Делчево“ да се доставуваат до Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на адреса ул. „Македонија“ бр. 5 – Скопје.
Рокот за доставување на понудите е три дена од денот на објавување на огласот.
Од пристигнатите понуди, Фондот ќе ги избере оние што најдобро ги задоволуваат бараните услови, односно најмногу одговараат на потребите на Фондот.