
Денес, генералните директори на ФЗОРСМ, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, остварија средба со Слободан Трендафилов, претседател на Сојуз на синдикатите на Македонија , Трпе Деаноски, претседател на Синдикат на УПОЗ и Бојан Трипуновски, генерален секретар на УПОЗ како и со Зоран Печевски, претседател на синдикатот на ФЗОРСМ.
На средбата се истакна значајноста на социјалниот дијалог, како и Колективниот договор и проблемите во неговото спроведување.
ФЗОРСМ се соочи со штрајк во непосредното минато поради нерешавање на наталожените проблеми. Раководството на ФЗОРСМ е посветено на социјалниот дијалог и дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори. Подобри услови за работа се важен дел во подобрување на здравствените услуги!