Филиповска-Грашкоска на Втората конференцијата на АмЧам (AmCham): „Поглед во иднината на нашиот здравствен систем“

Конференција за здравствено осигурување

Директорката на Фондот за здравствено осигурување, м-р Магдалена Филиповска-Грашкоска, учествуваше на Втората конференција за здравствена заштита, што се одржа на 8 ноември 2023 година, под наслов „Поглед во иднината на нашиот здравствен систем“, а чиј домаќин беше Американската стопанска комора во Северна Македонија (AmCham).

На оваа национална конференција за здравствена заштита, која служи како платформа за здружување на креаторите на политиките, лидерите во индустријата, здравствените работници и ценети експерти, директорката Филиповска-Грашкоска даде осврт на предизвиците и идните можни развојни насоки во здравствениот систем на Северна Македонија од аспект на Фондот, со единствена цел – обезбедување што поголем број и модерни здравствени услуги и лекови за осигурениците на Фондот. Таа истакна дека за Фондот од особена важност е обновувањето на „Позитивната листа на лекови“ и дека Фондот е посветен, во соработка со надлежните институции, да обезбеди повеќе финансиски средства, односно поголем буџет наменет за лекови за потребите на сите осигуреници. 

На Конференцијата говореа и министерот за здравство, Фатмир Меџити, советничката за здравство во Владата на РСМ, Ана Данева-Маркова, и Роберт Беќировски, заменик-директор во МАЛМЕД. А предавања одржаа и светски познати експерти од областа, Боги Алијасон - директор за здравство при Институтот за Футуристички студии од Копенхаген и професорот Марцих Чех од Варшава.