Ја известуваме јавноста дека Фондот донесе нов Правилник за критериумите за склучување договори и начин на плаќање и постапка за остварување на правото и на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита (Сл.Весник на РСМ бр.5/2024 година), со кој се уредени правата и обрските на здравствените установи и Фондот, како и правата на осигурените лица за остварување на постапка за БПО на товар на средствата на Фондот
Во правилникот Дефинирана е постапката за поднесување на документација за БПО како и потребната документација што треба да ја обезбеди осигуреното лице.
Во делот за потребна документација во посебни точки е утврдена медицинската документација за жената, мажот
за двајцата партнери, за деловна жена како и потребната документација за отстварување право на бпо со криопрезервиран материјал
и гестациски носител.
Покрај медицинската наведена е потребната административна документација потребна за започнување на постапката за БПО.
Во зависност од медицинската документација и стручното мислење, утврдени се 5 нови Протоколи, и тоа:
- Стандарден протокол за БПО – Образец 1.1
- Протокол за БПО со криопрезервирани јајце клетки (сопствени или донорски) – Образец 1.2
- Протокол за БПО со криопрезервирани сперматозоиди (сопствени или донорски) – Образец 1.3
- Протокол за БПО со ембриотрансфер на криoпрезервирани ембриони (сопствени или донорски) – Образец 1.4
- Протокол за БПО со гестациски носител – Образец 1.5
За секој Протокол Фондот има утврдено повеќе пакети со референтна цена.