ФЗОРСМ: Започна исплатата на платите на здравствените работници

ФЗОРСМ

ФЗОРСМ ја известува јавноста дека од денеска започна исплатата на платите на вработените во Јавните здравствени установи, и дел од нив веќе ја имаат на своите сметки.

Исплатата ќе се исплаќа постепено, во етапи, и се очекува да заврши во следните 48 часа.  

Фондот им се заблагодарува на сите здравствени работници за трпението во овој период кога се соочува со сајбер напад, кога се прават максимални напори проблемот да се надмине што побргу.