Соопштенија
Јавна расправа за промена на законската регулатива за пациентите кои се соочуваат со неплодност
На јавната расправа на тема „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“ која се одржа во Собранието на РСМ, организирана од Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување “ До бебе по патот на ИВФ“ свое излагање имаше и директорката на ФЗОРСМ М-р. Магдалена Филиповска -Грашкоска.
Одбележана "Неделата на женското здравје"
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари - МАГО ја одбележа „Неделата на женското здравје” како дел од кампањата за обезбедување на уште подобра институционална заштита на жените и професионално здравствено информирање за сите превентивни прегледи. На настанот беше претставен и проектот „Мобилни гинеколошки амбуланти“, а се разговараше и за развивање нова стратегија за ХПВ вакцината во РСМ, каде што и момчињата рутински би се вакцинирале против ХПВ.
Издавање на лабораториски упат ЛУ 1- COVID – 19 од избран лекар
Во Службен весник на Република Северна Македонија бр.303/2020 на 21.12.2020 година, објавена е Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на обрасците предвидени во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, со која се воведува новиот образец на Лабораториски упат 1 – COVID-19-(SARS-CoV2) -“ЛУ1-COVID-19. На одлуката направена е исправка во Службен весник на Република Северна Македонија бр.311/2020 од 28.12.2020 година, со која е објавен и самиот образец на овој упат кој е потребно да се применува во пракса.
Соопштение за пререгистрација / регистрација во задолжително здравствено осигурување на лицата со пониски и повисоки приходи
Согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија секоја година на почеток на месец февруари, ги објавува лимитите за остварени приходи поради потребата од пререгистрација/регистрација за лицата со ниски и повисоки примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување.
Одлука за утврдување на предлог референтни цени на лекови бр. 02-14819/5
Одлука за утврдување на предлог референтни цени на лекови бр. 02-14819/5
Соопштение до осигурените и овластените лица на здравствените установи/правни лица кои имаат сметки во Еуростандард банка
Во врска со Соопштението на Народна банка на Република
Северна Македонија објавено на 12.08.2020 година за
укинување на дозволата за основање и работење на
Еуростандард банка АД Скопје, СЕ ИЗВЕСТУВААТ сите
осигуреници кои имаат поведено постапка во Фондот за
остварување на некое право од задолжителното здравствено
осигурување како и овластените лица на здравствените
установи/ правни лица со активен договор со Фондот, кои имаат
трансакциски сметки во Еуростандард банка АД Скопје, во
најкраток можен рок да достават известување до Фондот на која
трансакциска сметка од друга банка во РСМ би сакале да им
продолжи исплата на средства, во наредниот период.
Соопштение за ПЗУ од специјалистичко консултативна здравствена заштита
На здравствените установи од специјалистичко консултативна здравствена заштита, за време на важење на времените мерки заради спречување од ширење на Коронавирусот од страна на Фондот и Министерството за здравство им беше препорачано да пружаат здравствени услуги на осигурените лица само во итни случаи.