Светски ден на МС: ФЗОРСМ е целосно посветен на обезбедување навремена терапија

Одбележан Светскиот ден на Мултиплекс склероза

Под мотото MS-Connestions-МС-Поврзување се одбележа Светскиот ден на мултипла склероза со цел поддршка и охрабрување на лицата кои живеат со МС, а во организација на Националното Здружение за МС.  

„Бројот на новодијагностицирани пациенти со МС постојано расте бидејќи секоја година се дијагностицираат нови 80-120 пациенти, рече Ана  Карајанова Димитрушева, претседателка на здужението, која нагласи дека во моментот 50 пациенти се на листата на чекање за примање на високоефикасна терапија.

 М-р Кристина Христова, директорка на Секторот за фармација во ФЗОРСМ, која говореше во име на директорката на Фондот, М-р Магдалена Филиповска – Грашкоска, истакна дека како одговорна институтиција Фондот континуирано се грижи здравствените установи да обезбедуваат навремена терапија за пациентите со МС, преку зголемување на буџетите, како и со доделување на дополнителни наменски средства за терапија.   

„Договорниот надоместок односно буџетот на ЈЗУ УК за Неврологија континуирано се зголемува. Имено, во 2017 година изнесувал 196.900.000 денари, во 2021 се зголемил на 344.354.297 денари, а за оваа 2022 година изнесува 345.479.968 денари. Освен тоа, Фондот преку условен буџет обезбедува и дополнителни средства за нова, современа и поефикасна терапија за пациенти со агресивна форма на мултиплекс склероза, која го спречува напредувањето на болеста и значително го редуцира инвалидитетот и морталитетот. Така во 2021 година доделени се 110.256.417 денари, а за 2022 година се предвидени 113.912.351 денари за лекови за МС“, потенцира М-р. Христова.

М-р. Кристина Христова,Директор на Сектор за фармација при ФЗОРСМ

 

 

Заменик министерот за здравство,  Доц. Д-р Владимир Рендевски порача дека ќе се направи се, за современата терапија да биде достапна на пациентите.

„Но, најважно од се е раната и навремена дијагностика“, рече Доц. Д-р  Рендевски.

Лекувањето на пациентите со Мултипла склероза е успешна приказна, истакна доц. Д-р Иван Барбов, директор на Универзитетска Клиника за Неврологија. Тој нагласи дека од околу 1000 пациенти, 650 примаат редовна терапија, за разлика од многу земји од регионот кои немааат таква покриеност со лекови за оваа болест.

Тој апелираше да се промени позитивната листа на лекови, за да не мора да чекаат на лекови од буџетот. На настанот присуствуваше поддршка даде и првата дама, сопругата на претседателот на РСМ проф. Д-р Елизабета Ѓоргиевска, која им посака успех во борбата при третманот на пациентите со Мултипла склероза.