
Денес, генералните директори на ФЗОРСМ го посетија најчестиот контакт на осигурениците со Фондот за здравствено осигурување а тоа е Подрачната служба Скопје, каде најчесто се стекнува впечатокот за ФЗО.
Директорите разговараа со осигурениците и вработените за услугите, како да се подобрат истите, да се намали непотребната бирократија, поефективно да се спречат злоупотребите без да се зголеми теретот за осигурениците. Вработените ги споделија своите многубројни предлози за подобрување на услугите.
Но, подобрување е неопходно и за условите за работа, бидејќи без добри услови за работа не може да се очекуваат добри услуги. И некои работи се наталожени поради повеќегодишно неделување, а можат брзо да се решат.
Целосно сме посветени на подобрување на условите за работа!