Една година Трезор во ФЗОМ

Почнувајќи од 01.01.2011 година Фондот за здравствено осигурување на Македонија го воведе Трезорот, односно стана посебен носител на платниот промет (банка) за сите јавни здравствени установи (ЈЗУ). ФЗОМ е исклучително задоволен што оваа реформа се направи без ниедно ново вработување во ФЗОМ! Во текот на првата година од работењето Трезорот континуирано функционираше без ниту еден ден/час блокада.