Од 01.01.2012 година започна новиот начин на упатување кој, според законот за ЗЗО, се должни да го применуваат сите здравствени установи, кои имаат склучено договор со Фондот. За ФЗОМ најважно е сите осигурени лица навреме и квалитетно да ја добијат потребната здравствена услуга, а истовремено да не се создаваат гужви во амбулантите и кабинетите за дијагностика. За таа цел Фондот во соработка со ЈЗУ Општа Градска Болница „8-ми Септември - Скопје“, ЈЗУ Универзитетска Клиника по Хируршки Болести „Св. Наум Охридски-Скопје“(стара Градска болница) и Зравствен Дом Скопје-Скопје, кои се установи на секундарно ниво на територија на град Скопје, изработи и ги објави на својата интернет страна две табели со листи за чекање и телефонски броеви за закажување.