Критериумите за привремената спреченост за работа

Почитувани

Во врска со новите измени во Критериумите за дијагностичките постапки и оцена на привремената спреченост за работа поради болест и повреди или потребата за нега на болен член од потесното семејство кои стапуваат на сила од 1 април 2012 година, Ве известуваме дека ФЗОМ ќе врши едукации на докторите од Подрачните служби на ФЗОМ и здравствените установи. Едукацијата е со цел за подобро запознавање со новите Критериуми и измена на постапката за остварување на правото за боледување, а со тоа и соодветна примена на истите. Едукацијата ќе биде спроведена во просториите на Централната служба на ФЗОМ на третиот спрат во салата за состаноци. Во распоредот за едукација се предвидени:
•  на 27.02.2012 година во 12:30 часот на обуката треба да присуствуваат докторите од ПЛК и ВЛК од Подрачните служби на Фондот со исклучок на ПС Скопје, а за они Подрачни служби кои немаат претставник доктор, потребно е да присуствува претставник од таа Подрачната служба назначен од раководителот.
• на 28.02.2012 година во 12:30 часот се предвидени докторите од ПЛК и ВЛК од Подрачна служба Скопје.
• на 29.02.2012 година во 12:30 часот на обуката ќе присуствуваат контролорите од Подрачна служба Скопје.
• на 01.03.2012 година и на 02.03.2012 година се предвидени координаторите по општини на ЗПЛРМ.