Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување

Фондот за здравствено осигурување ве известува дека почнувајќи од денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување (Службен весник на Република Македонија бр. 26/2012, согласно член 5 со кој се менува член 18 став 1), односно 29.02.2012 година, надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда (боледување), која е во тек и не поминале повеќе од 21 ден од почетокот на истата заклучно со 29.02.2012 година, за првите 30 дена ќе го утврдува и исплатува работодавецот од своите средства.