Бесплатно болничко лекување за пензионери со ниска пензија

Фондот за здравствено осигурување на Македонија сака да информира дека како институција, целосно ја поддржува Програмата на Владата на Република Македонија за обезбедување на средства за болничко лекување без наплата на учество – партиципација за пензинери со пензија пониска од просечната во Република Македонија за 2013 година. За месец декември просечната пензија изнесувала 10,870 денари.